| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец загинал при поставување кабли за видео надзор во Гевгелија

поли

Миодраг Н.(52) од Скопје вчера во 16:30 часот го загубил животот при изведување електричарски работи, пуштање електрични кабли за видео надзор во Гевгелија.

Како што инфромира МВР, Миодраг Н. паднал од кран на висина од околу осум метри, а смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и екипа од Полициската станица-Гевгелија. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top