| четврток, 6 декември 2018 |

Одредници 23 и 24 – нов импулс во евроинтеграциите

Евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан на­пра­ви му­дар че­кор - го иско­ри­сти вре­ме­то за про­ши­ру­ва­ње, кое ЕУ го ста­ви во ми­ру­ва­ње, да­вај­ќи ѝ на Ма­ке­до­ни­ја шан­са да ги ис­пол­ни по­треб­ни­те ре­фор­ми од пре­го­во­ри­те па­ра­лел­но со про­це­сот што ЕУ го поч­ну­ва со Ср­би­ја и со Цр­на Го­ра, иско­ри­сту­вај­ќи ја вна­треш­но-по­ли­тич­ка­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко за­ме­на на ХЛАД, од­нос­но ди­ја­ло­гот на ви­со­ко ни­во, нај­а­ве­но­то ске­ни­ра­ње со но­ви­те по­ста­ве­ни одред­ни­ци што ќе ги до­не­се ќе би­де нов им­пулс на ма­ке­дон­ски­от европ­ски пат

По ни­за пер­и­пе­тии и на­о­ѓа­ње влак­на во јај­це­то за да се по­крие грч­ка­та бло­ка­да, Европ­ска­та ко­ми­си­ја, по­точ­но евро­ко­ме­са­рот за­дол­жен за про­ши­ру­ва­ње, Јо­ха­нес Хан, го иско­ри­сти отво­ра­ње­то на про­це­сот на ске­ни­ра­ње ка­ко мор­ков за над­ми­ну­ва­ње на по­ли­тич­ка­та кри­за во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Про­це­сот на ске­ни­ра­ње во ма­ке­дон­ски­от слу­чај не зна­чи поч­ну­ва­ње на пре­го­во­ри­те за членс­тво, иа­ко е по­чет­на фа­за за нив. Ске­ни­ра­ње­то зна­чи уви­ду­ва­ње на раз­ли­ки­те во прав­ни­те про­пи­си кај кан­ди­да­тот со тие што ва­жат во Уни­ја­та. Пре­го­ва­рач­ки­от про­цес, спо­ред пос­лед­ни­от при­мер со Хр­ват­ска, се од­ви­ва во 35 пог­лав­ја. На­јо­бем­ни се пог­лав­ја­та 23 и 24, за чи­е­што прис­по­со­бу­ва­ње мо­же да се за­гу­бат не­кол­ку го­ди­ни.

Во слу­ча­јот со ске­ни­ра­ње­то со Ма­ке­до­ни­ја, всуш­ност ќе се скра­ти про­це­сот на пре­го­во­ри­те ко­га ќе се соз­да­дат ус­ло­ви за нив­но отво­ра­ње. Од дру­га стра­на, ќе се иско­ри­сти пер­и­о­дот од пет го­ди­ни за кои во ЕУ до­не­соа од­лу­ка да не­ма про­ши­ру­ва­ње. Со отво­ра­ње­то на ске­ни­ра­ње­то, ма­ке­дон­ски­те ин­те­гра­тив­ни про­це­си, од­нос­но ре­фор­ми, би тре­ба­ло да из­ле­зат од „лер“ и по­втор­но да поч­нат да до­би­ва­ат бр­зи­на ис­пол­ну­вај­ќи ги одред­ни­ци­те.

Хан со тоа на­пра­ви му­дар че­кор – го иско­ри­сти вре­ме­то за про­ши­ру­ва­ње, кое ЕУ го ста­ви во ми­ру­ва­ње, да­вај­ќи ѝ на Ма­ке­до­ни­ја шан­са да ги ис­пол­ну­ва по­треб­ни­те ре­фор­ми за пре­го­во­ри­те па­ра­лел­но со про­це­сот што Уни­ја­та го поч­ну­ва со Ср­би­ја и со Цр­на Го­ра, иско­ри­сту­вај­ќи ја вна­треш­но- по­ли­тич­ка­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја. Хан ќе си ја оправ­да сво­ја­та уло­га во не­фор­мал­на­та вла­да на ЕУ со тоа што на др­жа­ва­та-кан­ди­дат со шест пре­по­ра­ки ед­но­по­дру­го ѝ овоз­мо­жу­ва да пре­ми­не, ма­кар и на овој па­ра­ле­лен на­чин, во на­пред­на фа­за во ин­те­гра­ци­и­те.

 

Пог­лав­ја­та 23 и 24

Ако ве­ќе наг­ла­сив­ме де­ка ске­ни­ра­ње­то е пр­ва­та фа­за на пре­го­во­ри­те, тре­ба да се ка­же и де­ка тоа се пра­ви за се­кое пре­го­ва­рач­ко пог­лав­је од­дел­но, а вре­ме­тра­е­ње­то за­ви­си од не­го­ва­та прав­на сло­же­ност. При пре­го­во­ри­те со Хр­ват­ска, ЕУ во­ве­де нов ин­стру­мент за да мо­же де­тал­но да го ана­ли­зи­ра на­пре­ду­ва­ње­то, од­нос­но по­ста­ву­ва­ње ме­ри­ла (одред­ни­ци) при отво­ра­ње­то и за­тво­ра­ње­то на се­кое пог­лав­је. Мер­ки за отво­ра­ње се по­ста­ву­ва­ат за тие пог­лав­ја за кои Уни­ја­та сме­та де­ка др­жа­ва­та-кан­ди­дат не ги ис­пол­ни­ла за отво­ра­ње на пре­го­во­ри­те – ка­ко опре­де­ле­ни стра­те­гии, ак­ци­ски пла­но­ви, за­ко­ни или фор­ми­ра­ње ин­сти­ту­ции по­треб­ни за нив­но спро­ве­ду­ва­ње.

Пре­го­во­ри­те за членс­тво, всуш­ност, и не се пре­го­во­ри, ту­ку се опре­де­лу­ва­ње ус­ло­ви под кои кан­ди­да­тот ќе ги при­фа­ти и спро­ве­де прав­ни­те те­ко­ви на ЕУ. Би­деј­ќи во пог­лав­је­то 23 не­ма прав­ни те­ко­ви, тоа пог­лав­је е по­себ­но и се од­не­су­ва на пра­кти­ку­ва­ње­то на нај­ви­со­ки­те европ­ски стан­дар­ди во бор­ба про­тив ко­руп­ци­ја­та, за­шти­та на чо­ве­ко­ви­те пра­ва и функ­ци­о­ни­ра­ње­то на пра­во­то. Всуш­ност, 23. пог­лав­је е но­во и е про­из­ле­зе­но од 24., што се од­не­су­ва на прав­да­та, сло­бо­да­та и на си­гур­но­ста, по­ра­ди пре­о­бем­но­ста во де­лот за судс­тво. Се ве­ли де­ка по­дел­ба­та на две­те пог­лав­ја, по­ра­ди нив­на­та ис­преп­ле­те­ност, е по­стиг­на­та спо­ред кри­те­ри­у­мот да­ли се ра­бо­ти за по­ли­тич­ки кри­те­ри­у­ми или за нај­до­бра пра­кти­ка ме­ѓу член­ки­те на ЕУ. Та­ка, во пог­лав­је­то 24 се нај­доа вос­по­ста­ве­ни­те пра­ви­ла на ЕУ, до­де­ка во 23 се пра­ша­ња­та што се оз­на­че­ни ка­ко по­ли­тич­ки кри­те­ри­у­ми.

Пог­лав­је­то 23 со­др­жи че­ти­ри це­ли­ни – ре­фор­ми во судс­тво­то; ан­ти­ко­руп­ци­ска по­ли­ти­ка; ос­нов­ни пра­ва; пра­во на др­жав­ја­ни­те на ЕУ. Пог­лав­је­то 24 се од­не­су­ва на прав­да, сло­бо­да и на без­бед­ност и оп­фа­ќа еди­на­е­сет те­ми: над­во­реш­ни гра­ни­ци и шен­ген­ски си­стем; ми­гра­ции; азил; ви­зи; по­ли­ци­ска со­ра­бо­тка; бор­ба про­тив ор­га­ни­зи­ра­ни­от кри­ми­нал; бор­ба про­тив дро­га­та; суд­ска со­ра­бо­тка во гра­ѓан­ски и во кри­вич­ни по­стап­ки; ца­рин­ска со­ра­бо­тка.

 

По­твр­де­на опре­дел­ба­та за евро­ин­те­гра­ции

Хан ја иско­ри­сти кри­за­та за да си ја оправ­да сво­ја­та функ­ци­ја, но и обра­зот на ЕУ пред ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

Всуш­ност, отво­ра­ње­то на европ­ско­то ске­ни­ра­ње во Ма­ке­до­ни­ја до­а­ѓа ка­ко пос­ле­ди­ца на ни­за­та пре­по­ра­ки ед­но­по­дру­го за поч­ну­ва­ње на пре­го­во­ри­те, на ис­пол­ну­ва­ње­то на ус­ло­ви­те за виз­на ли­бе­ра­ли­за­ци­ја, на ни­за­та ре­фор­ми, кои се­ко­ја го­ди­на од 2009 го­ди­на се по­зи­тив­но оце­не­ти. Но не сме­ат да се за­не­ма­рат ука­жу­ва­ња­та де­ка дол­го­то сто­е­ње во ме­сто вли­јае не­га­тив­но и врз по­ли­тич­ки­те слу­чу­ва­ња во др­жа­ва­та и врз рас­по­ло­же­ни­е­то и вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во ве­ту­ва­ња­та што до­а­ѓа­ат од Уни­ја­та. Ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, пак, го упо­тре­би тој пер­и­од на ва­ку­ум во евро­ин­те­гра­ци­и­те по­ра­ди грч­ка­та бло­ка­да, за да поч­не да кре­и­ра па­ра­лел­на ви­сти­на де­ка ма­ке­дон­ска­та власт „за­стра­ни­ла“ од стра­те­ги­ска­та опре­дел­ба на др­жа­ва­та.

Ако се сле­дат ре­фор­ми­те и приб­ли­жу­ва­ња­та што др­жа­ва­та ги на­пра­ви­ла на па­тот кон евро­ин­те­гра­ци­и­те, а кои гра­ѓа­ни­те ре­ал­но ги по­чув­ству­ва­ле, тоа, се­ка­ко, е виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја, од­нос­но сло­бод­но­то па­ту­ва­ње во зем­ји­те од шен­ген­ска­та зо­на­та. Ди­ја­ло­гот за виз­но олес­ну­ва­ње поч­на во 2008 го­ди­на, во фе­вру­а­ри, до­де­ка во ју­ли след­на­та го­ди­на врз ос­но­ва на по­стиг­на­ти­те ре­зул­та­ти Европ­ска­та ко­ми­си­ја пред­ло­жи виз­на ли­бе­ра­ли­за­ци­ја. Иста­та таа 2009 го­ди­на, на 19 де­кем­ври, на праз­ни­кот Све­ти Ни­ко­ла, „пад­на“ шен­ген­ски­от ѕид за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

Ис­пол­ну­ва­ње­то на ин­те­гри­ра­на­та кон­тро­ла на гра­ни­ци­те, во­ве­ду­ва­ње­то би­о­ме­три­ски па­со­ши, но и ефи­кас­ност во бор­ба­та про­тив кри­ми­на­лот и ко­руп­ци­ја­та беа дел од спро­ве­де­ни­те ре­фор­ми, кои до­ве­доа до ли­бе­ра­ли­за­ци­ја­та. Со неа, ко­га и па­ту­ва­ње­то и по­вр­зу­ва­ње­то беа зна­чи­тел­но олес­не­ти и при во­де­ње биз­нис, еду­ка­ци­ја или ту­ри­стич­ки, сле­ду­ваа и евти­ни­те ави­о­ком­па­нии за мно­гу европ­ски де­сти­на­ции. ЕУ ста­на мно­гу поб­ли­ску до гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја. Но и обрат­но! Ма­ке­до­ни­ја со по­сто­ја­ни­те пре­по­ра­ки за по­че­ток на пре­го­во­ри­те за членс­тво од ЕК од 2009 го­ди­на до де­не­ска, ка­ко и со по­сто­ја­ни­от по­раст на ави­о­ко­нек­ци­и­те, ста­на де­сти­на­ци­ја за мно­гу стран­ски ту­ри­сти и, уште по­бит­но, ста­на де­сти­на­ци­ја на биз­нис­ме­ни­те што го ши­рат биз­ни­сот. Се­ка­ко де­ка не мо­же да се за­бо­ра­ват и ни­за дру­ги ре­фор­ми, кои при­до­не­соа од, на при­мер, отво­ра­ње­то на фон­до­ви­те на ИПА за прет­при­стап­на по­мош со Спо­год­ба­та од 2007 го­ди­на, до ис­пол­ну­ва­ње­то на ко­пен­ха­шки­те по­ли­тич­ки кри­те­ри­у­ми, кои се клуч­ни­те ре­форм­ски при­о­ри­те­ти за да мо­же да се пре­ми­не во вто­ра­та фа­за и поч­ну­ва­ње пре­го­во­ри.

Има мно­гу по­ве­ќе при­до­би­вки од по­сто­ја­ни­те ре­фор­ми, а се­то тоа не би би­ло мож­но до­кол­ку др­жа­ва­та не го за­др­жа­ла евро­ин­те­гра­тив­ни­от курс. Ду­ри и во ус­ло­ви што се спе­ци­фич­ни са­мо за Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко на при­мер грч­ка­та зло­у­по­тре­ба на кла­у­зу­ла­та за до­бро­со­седс­тво, или вна­треш­ни­те еко­ном­ски проб­ле­ми на еко­ном­ска­та за­ед­ни­ца, кои про­ши­ру­ва­ње­то го ста­ви­ја во сен­ка. Ка­ко за­ме­на на ХЛАД, од­нос­но ди­ја­ло­гот на ви­со­ко ни­во, нај­а­ве­но­то ске­ни­ра­ње со но­ви­те по­ста­ве­ни одред­ни­ци што ќе ги до­не­се ќе би­де нов им­пулс на ма­ке­дон­ски­от европ­ски пат.

Пишува: Наум Стоилковски
Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 145. број на неделникот „Република“, 12.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top