| четврток, 6 декември 2018 |

Исплата на штети од поплавите во Чешиново – Облешево

Во општина Чешиново – Облешево започна обесштетувањето на домаќинствата и земјоделците, направени од поплавите во месец февруари годинава.

Како што беше најавено од Владата, обесштетувањето изнесува 100 проценти.

– По завршениот увид на Комисијата за утврдување и проценка на штети од поплавите во општина Чешиново – Облешево најголеми оштетувања има кај инфраструктурата. Оштетени се мостови и патишта за пристап до земјоделските површини, како и локални патишта и банкини. Направена е штета на земјоделски површини од 30 хектари, од кои 12 хектари под пченица, 16 хектари со јачмен и два хектари со луцерка, изјавила Катерина Постолова од општина Чешиново – Облешево.

Оштетувања претрпеле и 20 домаќинства од кои поголемиот дел се во село Чифлик. Вкупната штета од поплавите во оваа општина изнесува 20 милиони и 681 илјада денар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top