Кошаркарите на Црвена Звезда со максимални 3-0 во финалната серија од плејофот во српското првенство го победија вечниот ривал Партизан и се заќитија со титулата по пауза од 17 години.
Ова е трета титула за црвено-белите оваа сезона откако го освоија Купот на Србија и супериорно славеа во АБА-лигата.
Синоќа како домаќини пред повеќе од 6000 свои навивачи четата на тренерот Радоњиќ со пресврт и тесна победа дојде до посакуваните три победи. Победата се славеше во цел Белград до доцна во ноќта. Иако тесно со 58-54 Звезда сосема заслужено ја освои титулата.
Партизан и по негативата од 0-2 во победи не се предаде и одлично го започна натпреварот и имаше солидна предност од девет поени на полувремето (28-37).
Црвена Зведа се разбуди во третиот период и успеа да дојде резултатски пресврт пред последната одлучувачка четвртина.
Во последниот период во драматичен финиш на само четири секунди до крајот германскиот репрезентативец Цирбес ги погоди двете слободни фрлања за недостижна разлика од четири коша и освојување на титулата.
Дилириум во салата а подоцна и низ улиците на главниот град на Србија траеше до утринските часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




