Поранешниот француски претседател и лидер на новофрмираната партија Републиканци, Никола Саркози oчигледно ја знае уметноста на креирање политички неумесни формулации, јави дописникот на МИА од Париз.
На митинг во Л’ИлАдам, претседател на Републиканците го спореди приливот на мигрантите во Европа, како поплава од пукната цевка во стан, остро критикувајќи го планот на Европската комисија за распределба на барателите на азил меѓу земјите-членки на Унијата.
– Нема повеќе пари, нема повеќе работни места, нема повеќе станови, но тие најдоа нешто. Тие сметаат дека решението на проблемот со имиграцијата не е таа се намали, туку да ја распределат, изјави Саркози.
Со цел подобро да ги илустрира своите зборови, Саркози избра чудно метафора. Според него, планот на ЕУ би било како „кога во една куќа, ќе пукне цевка и ја поплави во кујната, мајсторот да дојде и де рече: Имам решение, ние ќе задржиме половина од водата во кујна, една четвртина ќе ставиме во дневната соба, друга четвртина во собата на родителите и ако тоа не е доволно, тука е детска соба“.
– Општетсвата умираат од чистокрвноста и сродството, не треба да се плашиме од мешањето, продолжи натаму Саркози, но додаде дека смета ори е неопходно да се расправа „за мерките и за бројот на луѓе кои може да се прифатат и начинот да им се посака добредојде“.
Иако, Саркози знае често да ја шокира јавноста со своите формулации, оваа негова изјава не е случајна. Имено, новата ориентација на неговата партија Републиканци, поранешната Унија на народното движење (УМП), е да се спречи одливот на гласачите кон екстремно десничарскиот Национален фронт, па и по цена на шокантен говор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


