Тајландските здравствени власти денеска соопштија дека во Бангкок е хоспитализиран 75годишен државјанин на Оман, кој во понеделникот допатувал во земјата за да се лечи од болест на срцето, за кого е утврдено дека е инфициран од опасниот вирус МЕРС.
Веднаш по потврдувањето на дијагнозата, дека пациентот е заразен со вирусот МЕРС, кај нас познат и како Нилска треска, изолирани се 59 лица од аеродромот и хотелот во Бангкок, кои имале подиректен контакт со заболениот.
Веста за појавата на првиот случај на заболен со смртоносниот вирус вон Јужна Кореја значително го зголеми стравот на населението во овој дел на светот. За инфицираните од вирусот МЕРС се уште нема лек, а таа е опасна и за целосно здравите луѓе.
Болеста, од Саудска Арабија во Јужна Кореја е пренесена минатиот месец, а до утрово од неа во оваа источноазиска држава починаа 24 лица. Вкупно се инфицирани 166 лица, а во карантин се уште има над 5.500 жители на Сеул и поблиските градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФИФА: Децата од Тајланд ќе одат на финалето на светското првенство во Русија
-
Запрена акцијата за спасување на децата во пештерата во Тајланд
-
Гледајте во живо: Започна акцијата за спасување на децата од пештерата: Првото дете излегува околу 14 часот, еве како учениците ќе дојдат на слобода
-
По девет дена пронајдени младите фудбалери кои исчезнаа во пештера во Тајланд (видео)