| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци дека ве изневерува

невер
Експерти за полиграф и говор на телото споделија шест знаци кои можат да ви помогнат да откриете дали вашиот партнер ве изневерува.

Се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува, но тој тоа упорно го неигра? Жените често, и покрај своите сомнежи па дури и докази, не сакаат да веруваат дека тој сепак има друга.
Меѓутоа, експертот за полиграф и поранешен агент на ФБИ – Џек Тримарко и експертот за говор на телото Лилијан Глас, ви изнесуваат шест знаци кои дефинитивно ќе ги потврдат вашите сомнежи.
Одеднаш почнал да се однесува поразлично
Ако вашиот партнер одеднаш почне да се однесува поинаку од досега, без разлика дали е тоа во позитивна или негативна насока, значи дека нешто не е во ред. На пример, ако го прашате каде бил во петокот навечер, тој одеднаш почне да го чеша носот, да се накашлува, брзо да дише – сигурно нешто не е во ред.
Премногу се труди да докаже дека ја зборува вистината
Кога личноста лаже, најчесто гледа во подот и тоа го знаат повеќето луѓе. Поради тоа, мажите кои изневеруваат често знаат да ги гледаат жените в очи додека лажат. Поради тоа, ако вашиот партнер ве гледа в очи без трепкање и ви повторува: „Не спиев со друга“, размислете малку за тоа колку е искрен и зошто толку се труди да ве увери дека тоа е вистина.
Ви одговара со прашање
Ако на вашето прашање „дали ме изневеруваш?“ одговори: „Дали те изневерувам? Секако дека не“ немојте премногу да му верувате. Со одговарање на прашање со прашање, купува време за да смисли вистински одговор.
Ја префрлува топката кај вас
Кога луѓето се чувствуваат виновни, се обидуваат да ги обвинат и сите други околу себе. Поради тоа, неверниот партнер ќе ви рече дека сте параноични и ќе се обиде да ве обвини дека вие го изневерувате него.

Секогаш ја менува приказната
Вистината лесно се помни и секогаш ќе ја раскажете на ист начин, но со лагите е поинаку. Често забораваме што сме излажале па приказните се менуваат. Ако на пример вашиот партнер секогаш ви раскажува друга верзија од ергенската вечер на најдобриот пријател, знајте дека не ви ја кажува вистината.
Се колне во сè и сешто
Невините луѓе не се колнат во мајка си, Бог, децата… Затоа што вистината сама по себе е доволно силна. Но, луѓето кои лажат, мораат да најдат нешто доволно силно за да ги докажат своите тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top