Американската армија ги негираше тврдењата на „Исламска држава“ дека групата соборила ирачки воен авион, потврдувајќи дека сите машини на авијацијата на предводената од САД коалиција, како и од ирачката авиојација се во своите бази.
Групата ИД на својот „Твитер“ профил објави дека соборила ирачки воен авион од руско производство северно од Рамади.
Портпаролот на американската Централна команда мајор Кертис Келог изјави дека тврдењето е неточно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



