| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска: Денеска сум двапати посреќна од денот на мојата свадба

11407251_10153060334339790_7434248107306968_n

Иако сме официјално венчани на 30 декември, на денешен ден правевме свадба. Само што сега сме двапати посреќни со двете мали мажиња – напиша на својот профил на „фејсбук“ пејачката Андријана Јаневска.

11423629_10153060334344790_5936984945009442213_n

Таа ги објави свадбените фотографии со нејзиниот сопруг, музичарот Драган Гиновски-Гино, кој е 15 години постар од Андријана. Таа на годишнината од нивната регистрација напиша:

– Денес е убав ден. Со мојот сопруг Гино прославуваме петгодишнина од стапување во брак (мини јубилеј), но и полни 9 години откако сме заедно. Не е лесно мене некој да ме „трпи” толку долго, но, ете, се најде јунак. Заедно ги искачивме сите врвови низ Македонија, но истовремено ги надминувавме животните предизвици. Многу убави денови, исполнети со шетање, планинарење, возење велосипеди, пливање, но и пеење, свирење, компонирање, аранжирање и снимање во нашиот домашен рај – музичкото студио. Уште поубави денови откако ја направивме нашата куќа, а велат, домот е таму каде што ти е семејството.

22812_10153060335524790_8038619998298691028_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top