Европската унија не го поддржува унгарскиот план за подигнување ѕид на границата со Србија за да се спречи прилив на бегалци, изјави денеска Наташа Беро, портпаролка на Европската комисија.
– Не поддржуваме такви мерки и ги охрабруваме членките да најдат други начини за да се реши проблемот со бегалците – изјави таа.
Според неа, членките на ЕУ само одлучуваат како ќе ги обезбедуваат своите граници и Брисел нема овластување да забрани поставување ѕид. Неодамна се ослободивме од ѕидови во Европа и не треба сега да ги подигнуваме, изјави Берто.
Портпаролката рече дека ЕУ не поддржала сличен ѕид што Бугарија го гради на границата со Турција и не учествувале во тој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.