Вчеравечер во атарот на кумановското село Табановце, во близина на железничкиот премин „Табановце“, по претходна меѓусебна расправија меѓу емигранти, И.К.(24) од Сирија добил убодни рани во пределот на ногата кои му биле нанесени од нож.
Повредениот бил префрлен во ЈЗУ во Куманово, каде што му била укажана лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.