Од извори блиски на раководството на СДСМ дознаваме дека во ек е голема и тешка дискусија во која дел од наследниците на комунистите се спротивставувале на идејата на лидерот Зоран Заев да објави дел од разговорите на Севишниот.
Имено, Заев се налутил на Творецот бидејќи, иако му ветил дека ќе го црпне од нива за потоа да не го пушти по вода, деновиве му слева невреме врз камперското делување, а и му ја наврти меѓународната и домашната јавност против него.
Со објавувањето на снимките Заев сакал да прикаже дека против него не е само цела Македонија, туку тој се бори и со многу поголеми сили. Заев на состанокот со тесното раководство и ПР креаторите им посочил дека повторно се слушнал со Горниот, со условување Господ Бог да го врати времето или ќе бидат објавени разговорите со Неговите ветувања.
Дознаваме и дека како аргумент пред коалициските партнери и организациите на СОРОС ќе го посочил и доказот со писмената коресподенција со Стивен Хокинг, во која професорот астрофизичар го поддржува и ќе ја покажел генетската поврзаност на Заев со творецот.
Кавгата во опозицијата настанала откако членството на СДСМ од времето кога се викаше Сојуз на комунистите на Македонија, како и подмладокот на Сојузот на борците, му се спротиставиле на идејата со која би се докажало постоењето на Бога. Со тоа, додаваат, би се нарушиле основните постулати околу кои се обединети. ПР тимот го поставил прашањето околу можноста да се дефокусира вниманието од Вистината за Македонија кон Вистината за постоењето на Заев како човек или како гласник на Творецот.
Одлука не е донесена, бидејќи се очекува мислењето и од партиската комисија за ментално здравје, којашто работи на анализа на развојот за психичката состојба на лидерот и на ефектите од евентуалниот ваков потег на Заев.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст