| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскопот открива во кого ќе се вљубите ова лето

Овен
Фрлете ја Аморовата стрела кон Стрелец, бидејќи општо е познато дека овие момци можат да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе влијаат на вас. Ќе ви го прошират кругот на интересирање, правилно ќе ја усмеруваат вашата енергија. Покрај маж кој е Овен жената секогаш ќе се чувствува заштитено, а во креветот повеќе отколку задоволно бидејќи кај Овните страста е главен двигател во животот.

Бик
Пронајдете маж кој е Девица бидејќи тој е тој кој ќе ви пружи однос полн со взаемно разбирање. На жената Бик и одговара практичност, мудрост и сериозност на една Девица. Со здружени сили можете многу нешта да постигнете бидејќи ќе бидете исклучителни пријатели и љубовници кои ќе знаат да удоволат на меѓусебните потреби.

Близнаци
Доколку сте припадник на овој знак, тогаш тежнеете кон некој Лав кој со својата сила и топлина ќе го „згрее“ вашето срце, но и тело. Мажот Лав е како некој учител кој ќе ве соочи со вашите недостатоци но и предности, давајќи ви поттик со својата енергија.

Рак
Жената Рак би требало да обрне внимание на лице во знакот на Скорпија. Токму тој најдобро од сите знакови ќе знае да ја цени нејзината потреба за топлина, дом и семејство. На еден начин „ќе ги чита вашите мисли“ а ќе ви пружи и прекрасен интелектуално емотивен однос.Плус, никогаш нема да ви биде здодевно.

Лав
Побарајте некој Овен бидејќи тој може да ги следи вашите желби. Вашата врска ќе ја краси висок ниво на толеранција и компромиси, иако малку и ќе се расправате бидејќи имате сличен темперамент.

Девица
Вам ви одговара Јарец бидејќи ги разбира вашите стравови и ќе ви даде доволно љубов и заштита. Плус, и двајцата сте практични и многу реални знаци кои се усмерени кон негување на семејните вредности.

Вага
Побарајте Водолија бидејќи таа ќе умее да ги задоволи сите ваши еротски чула. Покрај него никогаш нема да ви биде здодевно бидејќи ќе умее да ве расположи кога сте тажни или уморни.

Скорпија
Вам ви е потребен нежен, страствен сензуален маж кого можете да go пронајдете во знакот на Риба. Вашиот однос ќе биде крајно емотивен и бурен, но Рибата ќе умее и да поднесе ваши промени на расположение па и вашата ироничност и критицизам.

Стрелец
Дамите во овој знак би морале да пронајдат некој жесток Овен кој ќе им ја даде саканата акција и возбудување. Плус, Стрелецот секогаш ќе ги разбере вашите потреби и ќе ви дава доволно простор да се изразите и отворите, а на сексуален план, немате грижи. Оган на квадрат!

Јарец
Вам ви е потребен Бик бидејќи ќе ви го даде она кон што тежнеете: сигурност! И двајцата сте знакови кои цврсто веруваат во традицијата, но и семејните вредности, па заедно полесно ќе го постигнете сето тоа.

Водолија
Близнаците се ваш совршен партнер за пролет и лето. Овој маж ќе ги разбере вашите хирови и потребата да ја задржите индивидуалноста и слобода. Плус, и двајцата сте друштвени и секогаш имате теми за разговор.

Риби
Вам најмногу ви одговара Рак бидејќи со својата мирољубива природа ќе ја смири вашата сомничавост и љубомора. Мажот Рак ќе ве прочита како отворена книга и ќе ви го даде толку саканото чувство на сигурност.

 

Извор: lovesensa.rs,malihoroskop.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top