| четврток, 6 декември 2018 |

„Ју-Ес викли“: Раскинаа Шон Пен и Шарлиз Терон

шарлиз

Актерите Шон Пен и Шарлиз Терон веќе не се свршени, објави „Ју-Ес викли“.

Неколку извори потврдија дека двојката, која беше во врска од декeмври 2013 година, ја раскинала свршувачката по фестивалот во Кан во мај.

Иако ниту еден од нив не потврди, таблоидите тврдеа дека Шон и Шарлиз „тајно се свршиле“ во Париз во декември 2014 година. Набргу потоа почна нашироко да се зборува, а Пен во интервју за „Ескуер“ во март 2015 година рече дека зад себе има два брака, но дека тогаш бил помалку информиран за брачниот живот отколку денес.

– Па, тогаш ова сега не би го сметал за трет брак туку прв брак со сопствени правила, во случај повторно да се оженам. Мислам, јас ја сакам традицијата. Еден мој пријател напиша: „Без традиција новите работи умираат“. Не сакам новите работи да умрат – рече Пен.

Од друга страна, Шерон во интервју за „Ел“ во почетокот на мај рече дека Пен е љубовтa на нејзиниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top