| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Тешко се формираат сили на сириската опозиција за обука против ИД

САД соопштија дека тешко се спроведува планот за создавање сили на сириската опозиција, кои треба да се обучуваат за борба против џихадистите на групата Исламска држава (ИД), но сѐ уште е многу рано за откажување.

Syrian troops pushed back Islamic State militants from Palmyra

 

– Ние имаме доволно места за обука, но засега нема доволно кандидати за да ги пополниме – изјави во Конгресот американскиот министер за одбрана, Аштон Картер.

Претседателот на Советот на началници на Генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Мартин Демпси, истакна дека обуката, која, според официјални претставници, ќе се спроведува со Јордан и со Турција, тукушто почнала и сѐ уште „е премногу рано да се откажеме од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top