| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ до албанското гласачко тело: Пред да гласате добро размислете

Пред неделните локални избори,што ќе се одржат во Албанија, амбасадорката на ЕУ во оваа земја, Романа Влахутин, ги повика албанските гласачи и политички партии да ги почитуваат демократските изборни стандарди. ­

– Откажете се од фамилијатното гласање, не гласајте за инкриминираните кандидати на политичките партии, нека не ве заплашуваат никакваи притисоци, остварете го вашето право на глас на слободни и фер избори,­ порачала евромабасадорката при престојот во северниот албански град Скадар.

Во врска со се понагласените обвинувања за купување гласови таа посочила дека тоа е криминален чин, кој не треба да се подржува туку дека треба да се пријави во надлежните институции.

Во однос пак на фактот дека меѓу кандидатите на листите на партиите има и инкриминирани лица, амбасадорката на ЕУ изјавила дека во земјата нема закон за да се спречи тоа, но нагласила дека таквите кандидати не треба да се гласаат и не треба да се изберат.

– Ваше право е да гласате за ваше добро. Треба добро да размислите пред да го дадете вашиот глас, ­порачала евроамбасадорката Влахутин.

На тоа дека во кандидатските листи на партиите има инкриминирани лица предупреди и американската амбасада во Тирана и побара тие лица да бидат избришани.

Сепак, според албанските меидуми сеуште на листите има лица осомничени па друи и осудувани за трговија со дрога, како и други криминални дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top