| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ ги бележи најголемите успеси во историјата – од каде незадоволството на „Фемили“?!

femili aerodrom
Силен играчки кадар, тим кој е доминантен во македонската кошарка четири години по ред – тоа е тимот на МЗТ, кој од сезона во сезона има сѐ подобри и подобри играчи, кадар кој не можеше ниту да се замисли во сезоните пред четири години. Тимот од Аеродром освојува титули, доби нов спортски храм и настапува во регионалната АБА лига, но тоа за навивачката група „Фемили“, на изненадување на сите, не е доволно.

Kosarka mzt-rabotnocki 23 (Custom)

Нa љубителите на кошарката им е јасно дека МЗТ Скопје никогаш не било подобро. Долгопосакуваната титула дојде во скопски Аеродром. Клубот доби низа трофеи. Но, која е заднината за незадоволството кај навивачите кои го добија сето она што претходно го немаа, но, сепак, се незадоволни од раководството на клубот. А клубот не го спасија оние кои сега прават проблеми. Го спаси токму сегашната упава на клубот, онаа која го создаде шампионскиот клуб кој ја донесе титулата по која сонуваа навивачите. Клубот е спасен по барање на една генерација во нивната група која искрено го сака клубот. Таа група, за жал, повеќе ја нема меѓу нив.

Членовите на популарната навивачка група „Фемили“ од само познати за нив причини непотребно влегоа во војна со луѓето од управата на клубот која создаде шампионски МЗТ, изгради нов спортски храм во кој настапува клубот и освојува титули. Вистинските љубители на кошарката на социјалните мрежи поставуваат низа прашања кон навивачката група која создава немир кој му штети на клубот.

Вистинските љубители на кошарката прашуваат:

– Зошто Фемили не каже дека оваа година поради непримерно однесување на трибините, кај што се собираа и така мал број на Фемили, клубот платил казни повеќе од 10.000 евра. Така ли Фемили му помага на клубот?

– Зошто врхушката на фемили, кои се и активисти на СДСМ, ја злоупотребува  страната на МЗТ на „Фејсбук“ и со тоа му прави штета на клубот?

– Зошто не кажат јавно дека ако некој сакал нивните графити намерно да ги отстрани, зошто тогаш освен по училиштата, на сите други места нивните графити не се чепнати или тоа не им одговара да го знаат другите?

– Ако на Фемили му е важен клубот, зошто тогаш кога клубот ги бележи најголемите успеси во својата историја, му прават опструкции. Дали им е поважен клубот или некој друг?

– Дали тоа што Аеродром прерасна во спортски центар и пример како треба да изгледа една општина му пречи некому?

– Дали дел од Фемили се редовни на протестите на опозицијата и затоа не им одговара успехот на градоначалникот?

– Дали на дел од врхушката од Фемили им е важно клубот да освојува трофеи или им се важни некои лични интереси или пак преовладуваат тесните врски со опозицијата?

– Кој вистински го спаси МЗТ, кој е заслужен за 4 шампионски титули кои претходно 20 години се сонуваа, кој му обезбеди на клубот сала во која 35 години му се обезбедени сите врвни услови за спортување?

Ова се само дел од прашањата кои вистинските љубители на кошарката ги упатуваат на адресата на навивачката група. Според нив, големите успеси на МЗТ во последните неколку години очигледно му пречат некому, па преку навивачите се бараат причини да се оцрни раководството на клубот, кое изминативе години направи шампионски МЗТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top