| четврток, 6 декември 2018 |

Обама назначи жена да го штити

130326-pierson-vsml-2p.380;380;7;70;0Претседателот Барак Обама ја именува Џулија Пирсон за шеф на Тајната служба, која се грижи за безбедноста на американските претседатели.

Пирсон е прва жена директор на службата за заштита на претседателот на САД.

Џулија Пирсон е родена во Флорида и има 30-годишно искуство во Тајната служба.

Обама денеска истакна дека Пирсон изградила примерна кариера и ги има сите потребните квалификации за да раководи со агенцијата.

Таа на функцијата ќе го замени Марк Саливан, кој се повелече во февруари годинава.

Минатата година Агенцијата беше вмешана во скандал со користење услуги на проститутки во Колумбија.

Именувањето на Пирсон не треба да биде потврдено од Сенатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top