Финска побара даночните обврзници во еврозоната да бидат поштедени од спасување на „потонатите“ банки во иднина.
– Насекаде во Европа мора да се движиме кон нормална пазарна економија, во која сопствениците и инвеститорите ги сносат загубите во случај на пропаст на банките – изјави финскиот премиер Јирки Катаинен за време на својот говор за Европа во Хелсинки.
Катаинен изрази надеж дека на Европската банкарска унија, чие основање е во тек, тоа ќе ѝ послужи како основен принцип или во спротивно ќе се задржи актуелната ситуација, во која даночните обврзници плаќаат за пропаст на банките.
Според плановите за основање банкарска унија, се предвидува формирање механизам за спас на „потонати“ банки, во рамки на кои акционерите, кредиторите и големите депоненти ќе ги сносат трошоците за реструктуирање на банките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.