Доколку планиравте летово да го посетите Скијатос, многу е веројатно дека на малиот грчки остров ќе ги сретнете двете познати холивудски актерки
Голди Хоун и нејзината ќерка Кејт Хадсон го поминуваат семејниот одмор кај нашиот јужен сосед.
Шеесет и девет годишната мама Хоун уште се држи одлично за своите години, додека Кејт е вистинска инспирација за жените кои сакаат да имаат семејство и повторно да изгледаат пожелно.
Со своите 36 години и 2 деца, Хадсон има тело на кое би и подзавиделе многумина.
Актерката го покажа своето совршено тонирано тело во крем костим за капење, додека нејзината мајка избра син едноделен модел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.