| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов го честиташе почетокот на рамазанските пости

иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод почетокот на рамазанските пости, денеска упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– Рамазан е месец посветен на молитвата и поклонението, великодушноста и помагањето, сочувството и милоста кон помалку среќните. Во овој период на празнување посакувам кај сите верници од исламската вероисповед да преовладува чувството на мир, љубов и меѓусебно разбирање – се вели во честитката од Иванов.
Уверен сум, истакнува претседателот Иванов, дека негувајќи ги духовните и моралните вредности ќе продолжиме да градиме мостови на взаемно пријателство во духот на македонскиот модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста.
Посакувајќи рамазанските пости да ги поминат во мир и благосостојба, Иванов на припадниците на исламската заедница им посакува семејна хармонија и радост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top