Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ денеска на состанок во Брисел донесоа одлука за продолжување на економските санкции кон Русија за уште шест месеци, до крајот на јануари 2016 година.
Казнените мерки кон рускиот енергетски, финансиски и одбранбен сектор, ЕУ ги воведе лани во јули за период од една година, како одговор на руската анексија на Крим и поради, според Брисел, поддршката на Москва за проруските сепаратисти во источна Украина.
Денешната одлука на постојаните претставници за шестмесечно продолжување на санкциите кон Русија, се очува без расправа да биде потврдена на средбата на министирте за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, што ќе се одржи во понеделник во Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.