| четврток, 6 декември 2018 |

Симптоми кои предупредуваат дека телото ви е преполно со отрови

Во човечкиот организам секојдневно се создаваат токсини. Ги внесуваме низ исхраната, дури и воздухот, а ги има многу бидејќи поради неправилната исхрана и недоволната физичка активност не можат сами да се исфрлат.

devojka usta

За да знаете во каква состојба е вашиот организам, доволно е само да го „слушнете“ своето тело и да обрнете внимание на знаците кои секојдневно ви ги испраќа, а кои воопшто не ги забележувате и не ги сметате за алармантни.

Ова се четирите најчести аларми дека вашето тело е преполно со отрови од кои најбрзо треба да се ослободите.

1.Физиолошки потреби

Колку почесто одите во тоалет, толку повеќе токсини има во вашиот организам! Сепак, ова не треба да ве уплаши, бидејќи на тој начин се исфрлаат. Во спротивно се враќаат во крвотокот и можат да направат големи проблеми. Затоа треба почесто да пиете вода и чаеви, за да обезбедите празнење на цревата барем еднаш дневно.

2.Лош здив

Лошиот здив може да биде резултат на бактерии, но може да биде и знак дека вашиот црн дроб и црева имаат проблем со исфлрање на отровите. Користете чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите кои го покриваат јазикот, а земајте и свежо зачинско растение како магдонос, кој е фантастичен детоксификатор.

3.Ви пречат мирисите

Ако имате силни реакции на мириси, како што се парфемите или чадот, можеби тоа го предизвикуваат токсините во вашето тело. Честопати стануваме пречувствителни на мириси доколку црниот дроб има проблем со елиминацијата на различни токсини од телото. Кога патиштата за детоксикација се затворени, телото тоа го чувствува, па сетилата стануваат поизострени и можат да предизивикаат реакции како гловоболка или мачнина. Можете да му помогнете на својот црн дроб со рицинусово масло.

4.Упорен вишок на килограми

Постојат многу причини за отпор на губењето на тежината – „полудени“ хормони, неправилна исхрана и секако, токсините. Токсините во нашето тело се спојуваат со масните ќелии. Кога телото е преоптоварено со нив, може да создаде проблем и невозможност за симнување на таа дополнителна тежина.

Затоа потрудете се, кога и да е возможно, да одберете чиста, органска храна и потрудете се добро да се испотите, хидрирајте го организмот и квалитетно дишете секој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top