| четврток, 6 декември 2018 |

Слон уби 28-годишен Тајланѓанец, а тешко повреди негов пријател

Ljut-slon

Полицијата воТајланд денеска соопшти дека во понеделникот во едно летувалиште во источниот дел на Тајланд, слон убил 28-годишен маж, а тешко го повредил неговиот пријател.

Двете жртви на невообичаен напад на слон врз луѓе вечерале во локален ресторан и со чуварот, водич на слонови, разговарале за тоа какво јадење да му купат на неговиот слон.

Одеднаш, велат без повод, слонот се нафрлил врз неговите потенцијални доброчинители и буквално му ги здробил градите на младиот човек, вработен во компанија за мобилни оператори. При обидот да му помогне на својот колега, со тешки повреди завршил и неговиот пријател.

Локалните медиуми пишуваат дека како што збеснал, слонот исто така ненадејно се смирил, но по неговото злосторство тој тешко дека ќе шета слободно. Јавноста во Тајланд бара и тој со смрт да ја плати својата агресивност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top