Чешкиот голман Петр Чех ова лето најверојатно ќе го напушти Челси, но сепак сака да остане во Премиер-лигата. Според британскиот „Дејли Мирор“, Чех сака да застане на голот на Арсенал и во наредниот период треба да се очекува трансфер на одличниот голман од „Стемфорд бриџ“ на „Емирати“.
Петр Чех нема намера да си замине од Лондон бидејќи како што изјавува самиот голман, неговото семејство е среќно во главниот град, па токму затоа и Арсенал е негов прв избор за нов клуб. Чешкиот интернационалец одбил фантастична понуда од францускиот првак Пари Сен Жермен. Раководството на „светците“ му понудило неверојатни 39 милиони фунти за пет сезони на голот на ПСЖ.
Жозе Мурињо не сака да го продаде одличниот голман на премиерлигашки ривал, но Чех е упорен во желбата токму Арсенал да биде неговиот следен клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.