| четврток, 6 декември 2018 |

Португалија ја победи Италија за зијан на двете репрезентации

Португалија ја победи Италија со 1-0 во пријателски меч, што се одигра вчеравечер во Женева и ги спречи популарните „аѕури“ да се најдат во првиот барабан при извлекувањето на квалификациските групи за следното Светско првенство.

port

Едер беше стрелец на единствениот гол, а интересно е што зијан ќе бидат и двете репрезентации. Италија извиси, бидејќи и требаше победа за привилегирана положба при ждрепката за СП, а Португалија ќе мора да плати отштета од 380 илјади евра на организаторите на мечот, поради отсуството на Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Реал Мадрид наместо во Женева, замина на одмор во Мајами, а според договорот без него на теренот Португалците ќе треба да платат солена компензација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top