| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните најмногу се жалат на неквалитетна бела техника и задоцнета испорака на мебел

bela_tehnika

Во текот на првиот квартал од 2015-та година, во месеците јануари, февруари и март, во советодавното биро на Организацијата на потрошувачите на Македонија во Скопје, биле извршени 479 советувања од кои 35 лично, 283 по пат на телефон, и 161 по пат на електронска пошта.

Повторно како и лани, најчест проблем на граѓаните е сервисирањето на техничките производи, каде што пред сè станува збор за проблеми со сервисирање и гаранција на мобилни телефони, а во одреден број и за лап топ и десктоп компјутери, како и за телевизори и други технички апарати за секојдневна употреба. Проблемите со производите од бела техника и други видови на технички производи беше помал, најчесто потрошувачите се жалеа на проблеми со мали кујнски апарати, клима уреди и грејни тела – велат од ОПМ.

Во доменот на производи за домот, поплаките најчесто биле во поглед на изработка и испорака на мебел, каде што потрошувачите се жалат дека чекаат со месеци производ за кој било договорено да биде испорачан за 30 дена или помалку, или дека производот кој го добиле е со многу лош квалитет, или дека воопшто не содејствува со порачаното.

Во доменот на производи за лична употреба најчесто потрошувачите се жалат за обувки и облека, особено проблеми со враќање на овие производи иако биле неупотребени, проблеми со оштетување на производот во гарантен рок и сл.

За разлика од претходните извештаи, во овој период се забележува зголемен број на проблеми со телекомуникациските услуги, особено користењето на услугите од операторите кои нудат телевизиски пакети.

-Проблемот беше најзастапен во почетокот на 2015-та година, кога дојде до исклучување на дел од програмите во телевизиските пакети. Граѓаните реагираа на ваквите одлуки на операторите кои ги променија каналите кои до тогаш ги нуделе. Потрошувачите бараа раскинување на договорите, при што настана проблем поради немањето основ за раскинување, поради тоа што телевизиските пакети т.е. точно наведените канали не биле дел од cabletvlogos-680×365 договорите. ОПМ реагираше до надлежните органи за пронаоѓање на начин за решавање на овој проблем со кој се соочуваат потрошувачите. По реакција на потрошувачите агенцијата за електронски комуникации донесе правилник со кој операторите се обврзани да склучат нов договор со потрошувачот, каде ќе се обврзат да исполнат одредени канали кои се во пакетот, а при промена на пакетот, потрошувачот ќе има право да го раскине договор, без да плати казнени пенали – велат од ОПМ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top