Австрискиот канцелар Вернер Фајман ќе ја посети денеска Атина како прв шеф на влада на држава членка на ЕУ од изборот на новата грчка влада. Тој ќе има разговори со премиерот Алексис Ципрас со кого се сретна во февруари во Виена.
Пораката со која патува Фајман во Атина е дека е потребна солидарност со Грција, но треба да се има предвид дека солидарноста не е едносмерна улица.
Од Грција Фајман бара да се придржува до постигнатите догвоори и да примени потребни реформи.
– Грција мора да биде во можност да враќа долгови. Поради тоа ги поддржувам плановите на грчката Влада за борба против проневера на даноци. Грците мора да се придржуваат до постигнатите договори и да спроведат неопходни реформи- изјави тој.
Фајман пред неколку дена побара одлагање на кредитите и усвојување пакет мерки за следните пет години со цел стабилизација на таа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.