
Исламската држава не е држава, но нејзините тврдења дека е, имаат далекусежни последици од Украина до Јужното Кинеско Море и претставува предизвик за меѓународната стабилност кој може да потрае и по нејзиното исчезнување, пишува за Њу Репаблик Томас Грант, аналитичар од колеџот Волфсон на Универзитетот Кембриџ.
Американскиот државен секретар Џон Кери минатата недела на сојузниците рече – Исламската држава е држава колку што сум јас хеликоптер.
Кери е во право бидејќи со тоа ја потенцира важноста на преиспитување на името на половина терористички групи. Меѓутоа, за да се сфати сериозноста на заканата која ја претставува Исламската држава, треба да се сетиме на клучните меѓународни принципи за основање на држава, зошто некои ентитети не се прифатени како држави иако личат на држава и поради што, освен средновековната визија на општеството, ставот на Исламската држава е толку радикален.
Исламската држава во извесна смисла потсетува на држава, Има административен апарат, вооружени сили и контролира одредена територија, ресурси и население. Групите кои не контролираат територија и население не успеале да основаат држави – Тамил, Чеченија или Бијафра. Иако едно време беа сериозна закана за државите од кои сакаа да се одвојат, на крај беа поразени.
На прв поглед постои парадокс кога некој ентитет ќе воспостави долготрајна контрола на дел од територија и ќе прекине секаков контакт со државата на која претходно припаѓал, но сепак не успеал да се конституира како држава. Северен Кипар прогласи независност во 1983 година и до денешен ден е надвор од ефективната контрола на Република Кипар. Меѓутоа, никој не го призна освен Турција.
Родезија, единствен ентитет освен американските колонии, кој еднострано се отцепи од британската империја, прогласи независност во 1965 година, но додека постоеше до 1979 година, никој не ја признал како држава.
Исламската држава, како и многу други претенденти да основаат држава, секако е факт на теренот. Меѓутоа, таа фактичка состојба како и самото тврдење дека е држава, не ја прави држава.
Важно е и почитувањето на меѓународните правни норми. Ентитет кој се обидува да стане држава со употреба на насилство во постоечката држава не може да биде прифатен во меѓународниот поредок.
Тоа беше проблем со Северен Кипар кој се одвои од Кипар по инвазијата на Турција на овој остров. Истиот критериум важи и за наводната држава Крим која траеше пет дена (пред да биде припоена кон Русија), наводно одвојувајќи се од Украина.
Исто така, меѓународниот систем по 1945 година не ги признава новите аспиранти како држави кои драстично ги кршат човековите права на територијата која ја контролираат.
Тоа беше проблем со Родезија. Владејачките белци, кои беа малцинство, наметнаа режим на апартхејд како причина за воспоставување на нивна наводна држава.
Челниците на Исламската држава владејат не почитувајќи било кој модерен закон. Драстичното кршење на човековите права не се одвојува од нивното сваќање на карактерот на државата која ја прогласија.
Поради тоа меѓународната заедница го отфрла нивното барање за основање на држава. Постои уште една причина поради која стремежите на Исламската држава се неприфатливи. Покрај суровите постапки против населението на територијата со која моментално владее, Исламската држава се стреми не само да стане држава, туку и да ги елиминира другите држави, ако не сите, тогаш во исламскиот свет.
Без оглед на капацитетот, стремежот на Исламската држава да ги отстрани постоечките држави и да воспостави граници меѓу нив, може насекаде негативно да се одрази. По повеќевековната пракса во која војната беше законско средство да се освојат нови територии, државите по 1945 година се согласија дека тоа повеќе не може да се прифати како метод.
Во меѓународниот поредок од тогаш имаше повеќе кризни состојби и промашувања, но еден од клучните успеси беше темелење на наведениот принцип со кој главно се избегнаа војни за територии, пред се вооружен судир на големите сили.
Исламската држава ги крши основните норми на меѓународното право, вклучувајќи го принципот за неповредливост на границите освен ако државите не се согласат за нивна промена. Опасност претставува тоа што барањето на Исламската држава не е осамено. Другите актери, исто така, го доведуваат во прашање постоечкиот меѓународен поредок.
Кина го засилува военото присуство на спорните острови, со што се намалува шансата за договорно решение.
Русија користи сила да заземе делови од територијата на Украина. Во случајот со Кина и Русија се работи за вистински држави, а не аспиранти. Тие со тоа создаваат многу опасен преседан, со оружје да можат да се решаваат територијалните спорови.
Меѓународното право не може да прифати држава која е создадена со употреба на сила, бидејќи во спротивно, не би постоело. Исто така, средновековниот поглед на Исламската држава на општество е преседан кој ниту една држава не би го следела. Меѓутоа, политиката на Исламската држава која отфрлува мирољубив, на договор воспоставен систем на држави и граници меѓу нив, очигледно е привлечен на некои актери. Поради тоа, наспроти фактот дека разликата меѓу наводната Исламска држава и вистинска држава е очигледна како и разликата меѓу Џон Кери и хеликоптерот, таа мора постојано да се потенцира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


