| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициски фамилијарно-клановски шеми во Општина Центар!

snap500
Соочен со притисокот и незадоволството во редовите на СДСМ и ЛДП по избивањето на скандалот „Буњаковец“, Жерновски е принуден да прави и кадровски смени во секторот урбанизам за да го протурка планот кој треба да финишира со изградба на бензинска пумпа на местото на пазарчето, пишува Пресс 24.

Пресс 24 објави дека неколку советници кои не сакаат да бидат соучесници во скандалот и не сакаат да се извалкаат со криминал биле причина Жерновски за високо место во секторот урбанизам во општината да ја подготвува Јулијана Хаџиевска која неодамна била преземена од општина Карпош. Според извори на порталот градоначалникот ја подготвувал за преземање на улогата на главен урбанистички планер во Центар и егзекутор на скандалозниот план за рушење на пазарчето Буњаковец. Хаџиевска важи за блиска не само до Жерновски туку и до Заев. Нејзината ќерка Иванна Хаџиевска е шефица на протокол на лидерот на опозицијата, а зетот Влатко Кошевалиски е поставен за директор на опозицискиот весник Слободен Печат по директно барање на Заев.

Овие рокади во општинската администрација ја прелиле чашата, затоа што жртва на ваквата кадровска политика на бизнис кланот е Антица Сашек, која досега ја извршуваше функцијата за која претендираат Хаџиевски. Антица Сашек пак е мајка на советничката Саша Сашек, која не присуствувала на последната седница на Советот зашто била револтирана што нејзината мајка ќе биде жртвувана и деградирана за нечии бизнис апетити.

Ваквиот пристап на Заев и Жерновски со кој целиот плен треба да биде поделен во една мала група на луѓе блиска до нив, доведе до огромен револт помеѓу вистинските, искрени, чесни и долгогодишни партиски активисти кои од друга страна мора да ги исполнуваат хировите на Зоран Заев и на летните горештини согласно партиските директиви треба да бидат присутни во опозицискиот камп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top