| четврток, 6 декември 2018 |

АБА лигата ќе постои, МЗТ Скопје еден од сопствениците

aba liga
Прашањето за опстанок на АБА лигата е решено, на состанокот одржан во Загреб беше донесена одлука во лигата да играат 12 клубови и истата да биде во стопроцентна сопственост на клубовите.
Со тоа и македонскиот шампион МЗТ Скопје стана еден од косопствениците.

Договорот беше постигнат помеѓу националните федерации, клубовите и досегашните сопственици на лигата. Сојузите и клубовите испратија писмо до ФИБА со известување за договорот во кое се вели дека: од денеска 16 јуни, АБА лигата ќе биде сосем нова организација, регистрирана и управувана од 12 клубови учесници, а гарантирана од шест национални федерации.

Сега федерациите на шесте земји, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и БиХ, гарантираат за новоформираната АБА-лига, што всушност беше и насока дадена од ФИБА, која денеска на состанокот во Загреб е и исполнета. Останува сега конечниот „амин“ да го даде и ФИБА на 18 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top