| четврток, 6 декември 2018 |

Локален пороен дожд со ветар

Dozd skopje 07 (Custom)

Утрото  е претежно облачно низ североазападниот дел земјава, додека низ останатите краишта е претежно ведро и сончево. Рано утринава врнежи од дожд беа забележани во кривопаланечкиот регион. Температурата измерена во 7 часот (УХМР) е следнава:
24 °С Гевгелија
22 °С Струмица и Демир Капија
21 °С Скопје (Петровец)
20 °С Штип, Прилеп и Скопје (З.Рид)
19 °С Виница
18 °С Битола, Тетово и Претор
17 °С Охрид
16 °С Крива Паланка
13 °С Берово

Според Метеопро трендот ќе оди во насока на зголемување на облачноста низ земјава, со тоа што јужниот крај ќе остане реалтивно сончев некаде до раните попладневни часови. Врнежите ќе започнат околу пладне во северозападниот крај а потоа постепено ќе се шират и во останатите краишта. Попладне и навечер облачноста поинтензивно ќе се развива во источниот дел од земјата. Местимично во овој регон ќе има поинтензивни врмежи проследени со зачестена појава на грмежи и локален засилен ветер. Врнежи проследени со грмежи и ветер ќе има и во западниот регион, но со помал интензитет во споредба со процесите од источниот крај.

Вечерта ќе биде облачна и поврнежлива во крајниот исток од земјава.
Максималната температура во поголем дел од котлинте во северниот и западниот крај ќе има вредност околу 26°С. Околу 30°С максимална температура очекува само југоисточниот регион.

Скопскиот регион очекува нестабилно време околу пладне и попладне со повремен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top