Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја обвини Русија за закана со нуклеарно оружје, што, според него, е опасно и дестабилизирачко.
Непосредно откако рускиот претседател Владимир Путин ги откри плановите за развој на нуклеарно оружје, Столтенберг на конференција за новинари во Брисел изјави дека таквата реторика на Москва ја објаснува зголемената подготвеност на силите на Алијансата за бранење на своите земји членки.
– Таквото заканување со нуклеарно оружје на Русија е неоправдано. Дестабилизирачко и опасно. Тоа е, исто така, една од причините за зголемување на подготвеноста на нашите сили, истакна Столтенберг, додавајќи дека таквите чекори се со цел да гарантираат дека НАТО и во иднина ќе биде Алијанса што се грижи за заштита на своите сојузници против непријателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.