| четврток, 6 декември 2018 |

Мисфелдер: Опозицијата ги уништи преговорите во Брисел!

fffilipsitelll
За Европа се неприфатливи постапките на опозицијата за бојкот на парламентот – изјави за Сител шефот на одделот за надворешна политика на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел и пратеник во германскиот Бундестаг, Филип Мисфелдер.Тој е еден од осуммината највисоко позиционирани политичари во партијата на актуелната германска канцеларка. Според него во моментов домашната политичка борба и пречи на репутацијата на државата и затоа е потребно постигнување на политички договор.

-Господинот Хан прави силни напори за постигнување договор и сметам дека двете страни треба да постигнат договор. Македонија постигна голем успех на полето на економијата особено ако се спореди со други држави, на пример со соседна Грција која прави на економски план се погрешно додека вие постапувате правилно. Други се прашањата за политички реформи- значајна е улогата на медиумите, слободата на говор, правосудниот систем , тоа се прашања за кои во Брисел постои загриженост, ова се полиња на кои ви се потребни реформи и нашата сестринска партија треба да спроведе реформи. Но во моментов комесарот Хан треба да пронајде договор кој ќе го прифатат двете страни. Сметав дека стасавме до тој момент но опозицијата за жал ги уништи напорите, вели Филип Мисфелдер, пратеник во германскиот Биндестаг.

Македонија, според одговорниот за надворешна политика на ЦДУ, е пред предизвик за зачувување на стабилноста. Во тој контект, Мисфелдер смета дека треба да се надмине и проблемот со Грција, кој според него е повеќе од смешен.

– Морам да им кажам на моите пријатели во Грција дека мора да постигнат компромис за оваа смешна борба за името, ова е нешто што никој во Европа не може да го разбере. Додека на масата имаме сериозни прашања како ИСИС, евро кризата, економскиот и социјален проблем во Грција, ова се темите, а не смешната борба за името. Ако постои волја за компромис во Македонија тој треба да се постигне. Не сум сигурен дека господинот Ципрас може да го реши ова прашање. Мислам дека ова е прашање на кое треба да посветиме внимание и да кажеме- пријатели вие добивте толку многу солидарност од Германија и од германските даночни обврзници што сега е време да се фокусирате на важните прашања а тоа дефинитивно не е спорот со Македонија, вели Мисфелдер во интервјуто.

Македонија се наоѓа во длабока политичка криза откако опозицијата се одлучи да го бојкотира Парламентот и да објавува нелегални прислушувани разговори. До сега, напорите на Европската Унија и САД за изнаоѓање решение не вродија со плод. Што вие мислите за оваа политика на бојкот имајќи предвид дека и самиот сте истакнат член на германскиот Бундестаг?

– Не сум особено среќен што опозицијата го бојкотира Парламентот бидејќи доколку имате демократски избори треба и да ги прифатите резултатите од тие избори. Доколку ги немаше, ќе постоеја сериозни поплаки за изборните процедури. Но такви големи инциденти кои ќе ја доведеа во прашање легитимноста на изборите немаше. Токму затоа не можам да ја разберам опозицијата која го бојкотира Парламентот, вели тој.

Договорот од 2ри јуни, внесе оптимизам за решавање на политичката криза кај домашната јавност и меѓународната заедница. Но потоа разговорите во Брисел од 10ти јуни завршија со неуспех. Дел од политичарите како и најголемата апртија во Европа ЕПП дадоа изјави во кои велат дека господинот Заев ја става во ризик европската перспектива на државата преку неговата неподготвеност за компромис и договор. Дали го поддржувате ставот на ЕПП?

– Да, јас сум член на Бордот на ЕПП и потполно се согласувам со ставовите на ЕПП и моите соработници во Брисел. Вистина е, ова и штети на репутацијата на државата, и сите ние се надевавме пред две недели дека ќе се постигне договор. Господинот Хан прави силни напори за постигнување договор и сметам дека двете страни треба да постигнат договор, рече шефот на одделот за надворешна политика на ЦДУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top