Поради се уште актуелниот недостиг на електрична енергија, што резултира со бавно остварување на домашни и странски инвестиции во нови капацитети, Индонезија реши во следниве пет години да изгради 240 нови електрани, за што државата ќе инвестира 90 милијарди долари.
Потенцијалот на индонезиското електростопанство со оваа програма ќе се зголеми со нови капацитети со моќност од 35.000 мегавати, што покрај постојните 34.000 треба да биде доволно за остварување на планираниот пораст на економијата за шест до седум отсто годишно.
Во една анализа направена во врска со можностите за привлекување странски инвестиции во оваа 256 милионска држава, распостранета на над 17.000 острови, индонезиската Агенција за поттикнување на странски инвестиции наведува дека покарај недостигот на енергија, странските инвеститори се жалат и на проблеми при обезбедување на земјиштето на кое планираат да градат нови капацитети.
Таму каде што земјиштето е во приватна сопственост идните инвеститори имаат големи проблеми за добивање на потребната површина. Од сегашната владеачка гарнитура се бара да донесе закони со кои на идните инвеститори, особено на странските, ќе им се олесни и гарантира процесот за добивање на површините што им се неопходни.
Најавувајќи ги предвидувањата за економскиот развој на државата, претседателот на Индонезија Јоко Видодо минатиот месец соопшти дека претходната владејачка гарнитура не ретко, издавала по две, па и три лиценци на различни компании за исти инвестициски проекти.
Таквата пракса и корупцијата присутна во оваа сфера, според Видодо, ќе станат минато, за да може Индонезија од сегашните илјада по пет години да оствари БДП цо вредност од над 1.500 милијарди долари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст