| четврток, 6 декември 2018 |

Дури 27 девојчиња помлади од 15 години се породиле лани

Teenage-Pregnancy

Во текот на минатата година во земјава 27 девојчиња на возраст под 15 години станале мајки, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Лани имало 1.165 родилки на возраст од 15 до 19 години.

Статистиката открива дека најмногубројни се родилките на возраст од 25 до 29 години (8.377 во 2014 година), како и постојан пораст на бројот на родилки на возраст од 30 до 34 години (6.310 во 2014 година).

Интересно е што статистичарите откриваат дека во текот на минатата година имало три случаи на живородени деца чиишо мајки имале над 50 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top