Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска им порача на сите оние кои ги поттикнуваат тензиите со теми поврзани со етничките прашања, да бидат внимателни „кога си играат со етничкиот оган“.
– Лесно се пали, тешко се гаси. Тоа ви го кажувам како пожаникар. Постојано предупредувам дека многу е лесно да се зборува и многу е лесно да се предизвика етнички конфликт. Се надевам дека ме разбраа оние што си играат со огнот, изјави Борисов по средбата во Софија со еврокомесарот за регионална политика Корина Ктецу.
Како пто јави БТА, Крецу од своја страна нагласи дека цел на нејзината посета на Бугарија е да ја демонстрира солидарноста на Европската комисија со земјата.
– Во одобрените програми (на ЕУ) има одвоени средства за социјалната инфраструктура, вклучително и за маргинализираните заедници, изјави Крецу.
Според Крецу, важно е да се мисли за вклучување на овие заедниици, што е еден од предизвиците за цела ЕУ и за што треба да се бара решение.
– Затоа и сум тука. Да понудиме помош за тој проблем, рече Крецу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Заев ќе оди кај Борисов и заедно ќе го одбележат Илинден во Благоевград
-
Борисов жали за холокаустот на македонските Евреи, но не се извини


