| четврток, 6 декември 2018 |

Бумеранг-ефектот на радикализацијата на Сорос

foto10Во Македонија повторно се игра на картата за радикализација на состојбата. Откако стана јасно дека наместо политичкото раководство на Социјалдемократскиот сојуз, политиките и потезите ги кројат т.н. „граѓански организации“, тие сега под плаштот наречен „Граѓаните за Македонија“ определија рок по кој ако не им се исполнат барањата – ќе вовеле радикален отпор. Нивните барања се еквивалент на барањата поради кои и пропаднаа преговорите во Брисел, каде што партискиот потписник Зоран Заев поплука врз дадениот и потпишан збор во Скопје пред меѓународната заедница. Всушност, сега се присилува брзо решение откако Заев со шмек на струмички трговец порачуваше дека ако на Хан му се брза, за него не е страшно да се одложи договорот. И сега истите оние творци на мислењето на Заев, кои го учеа да молчи на средбата во Брисел – што секако дека тој ги послуша, дури и по цена да биде квалификуван како недоветен, сега притискаат на брзо решение „за десетина дена“, но по нивна волја. Ако не – радикализација.
foto1
Кои се, всушност, „Граѓаните“, што така од позиција на невладин сектор бистроумно градат „висока политика“? Тоа се истите оние кои по диктат на главниот извор на финансии, Соросовата фондација, влетаа во играта дека „Хан е поткупен“, дека „режимот е готов“, па дури и дека тие, а не Заев треба да седат на преговарачката маса во Брисел.

Тоа се љубимците на Сорос како „Форум-Центарот за стратегиски истражувања и документација“- главниот извор на кадри за СДСМ, најстарата НВО ќерка „Метаморфозис“, „Македонскиот центар за европско образование“ на Лидија Димова (која во 2012 г. побара укинување на фондовите на ИПА за Македонија бидејќи биле „неуспешна приказна“, како што денес ги оценува и странските инвестиции во Македонија), Хелсиншкиот комитет, Синдикатот на дипломатите на сопругот на Мирјана Најчевска (а, заедно дел од неколку „тела“ на Хелсиншкиот комитет и на Соросовата фондација), „Цивил“ на Џабир Дерала кој му порача на Хан е неинформиран, потоа „Точката“ на Коља Мрак, разноразните АЈДЕ, Плоштад слобода, НВО инфоцентри, следат центри со секс, транс-секс и ЛГБТИ префикси, Иницијативи за гушкање на трговски центри и, секако, десетина организации од Струмица и населените места во општината која за две евра по квадратен метар ја раководи Заев.

Меѓу „Граѓаните“ се и Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски и Сашо Ордановски- главните креатори на ставовите, однесувањата, па и молчењата на Заев.

foto2
Уште во периодот меѓу скопската и бриселската средба со меѓународната заедница предводена од еврокомесарот Јоханес Хан, Заев ја заложи Македонија за да им удоволи на соросовите структури чија главна цел е дестабилизација на Македонија и доаѓање на власт без избори. Политичкиот аналитичар Александар Пандов посочи дека Заев „…поради неговата некапацитетност и неинвентивност сега не е тој лидер на опозицијата, лидери се перјаницата на Сорос, Геровски, Ордановски, Фрчковски“, односно дека „дополнително влезе во зделки со поранешни удбаши, со разни агентурни мрежи“.
foto3
Но, играта со зборот радикализација не е ниту нова ниту непозната за СДСМ, опозицијата и СОРОС. И секогаш со исти барања „за слобода и демократија“, но не со програма, туку преку говор на омраза и ширење лаги кои, освен зло на државата, не носат ништо друго. Радикализацијата е во игра уште од 2013 година кога СДСМ го блокираше сообраќајот на раскрсниците во Скопје и бараше „трпение и разбирање од граѓаните на Скопје за блокадите“ зашто ова го прават „за враќање на демократијата“. И тогаш имаше лидерски средби, и тогаш СДСМ бегаше од избори. Ниту тогаш радикализацијата не го спаси СДСМ на избори ниту, пак, сега ќе го спаси.

foto4

Деновиве, пак, освен бегање од избори – за кои СДСМ со потписот на Заев се сложи – тоа зло се вика и загрозување на евроинтеграциите, за кои Европската комисија, но и сите други тела во Унијата се подготвени да го овозможат на Македонија со де факто отворање на преговорите за членство во Унијата – а за којашто подготвеност сведочат и шесте едноподруго препораки од ЕК. И сето тоа Соросовата банда која владее со СДСМ го става зад своите лични интереси, наводно во име „на граѓаните“!?

foto5
Причината за тоа е многу јасна и очигледна – доколку се отворат преговорите, Македонија ќе направи исчекор во евроинтеграциите; Истата Македонија која добива шест последователни чисти досиеја од ЕК, иако заради Грција се бара влакно во јајце. А со тоа во целост ќе паднат во вода тезите за режим, недемократија, неслобода на медиумите, но и понатамошните финансиски дотации од странство кои стигаат токму на таа лажна адреса до истите тие организации, независни експерти и медиумски работници. И секако, Сорос во Македонија би ја загубил марионетската улога на опозицијата и граѓанскиот сектор по текот на работите и новиот пораз кој е предвидлив на изборите до април.

Затоа, актуелниот развој на настаните со најава за радикализација не е ниту изненадувачки, ниту пак може да остане така како што мала група со симптоми на пасивното агресивно однесување ја најавува со радикализација и конфликти во државата.

foto6
Уште на еден од народните собири на ВМРО-ДПМНЕ, во април, од Прилеп, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му порача на Заев да не си игра со безбедноста, откако тој најави дека „Ако треба и крв ќе падне“.

-Слушам, не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си велам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш- порача Груевски.

foto7
И додека на Заев те не му се брза, те му се брза, времето тече, а граѓаните се се’ покуси со нервите. Првенствено, оние кои Заев ги држи на сендвичи во шаторите пред влада, па прво се пресметуваа меѓу себе, за потоа да се пресметуваат и со случајни минувачи.

foto8
Но, доколку пасивната агресивност на Заев и соросовите лидери зад него продолжи, а со тоа и ја одземе иднината која, и според оценките на меѓународната, ја заслужуваат вистинските граѓани, тогаш на бумеранг- ефектот на радикализацијата нема да може се спротивстават ниту шаторите, ниту пак цврстите градби на Павел Шатева во Скопје или Сандо Масев во Струмица.
foto9

Сега е моментот кога пред Македонија навистина е отворена вратата кон иднината- онаа, европската, за која постои најголемиот консензус во Македонија. Пред државата е и предизвикот да се справи со најжешкото прашање, да продолжи со најголемата борба, онаа против невработеноста. И, конечно- со прашањето за долгорочно стабилно снабдување со енергенти. Само така граѓаните ќе можат да ги почувствуваат вистинските „слобода и демократија“. А, на патот на сето тоа е сега најавената радикализација која, на крајот, нема да донесе никому добро, ниту на опозицијата, ниту на власта, ниту на било кој граѓанин во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top