| четврток, 6 декември 2018 |

Абади: Околу 40 странски бомбаш-самоубијци секој месец влегуваат во Ирак

напад

Околу 40 странски државјани, подготвени да извршат самоубиствени напади, секој месец влегуваат во Ирак, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

Тој ги повика земјите од регионот да го спречат напливот на борци кон Ирак додавајќи дека моментно странските членови на џихадистичката Исламска држава (ИД) се повеќе од ирачките.

Бомбаш-самоубијците се едно од главните оружја на ИД, која ги користи главно за напади врз безбедносните сили или фреквентни места со масовно присуство на цивили.

Според Абади, ИД бара пари од жителите на ирачката провинција Анбар, со цел да им дозволи да ги напуштат териториите кои се преземени од џихадистичката група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top