| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: И по 7 април ќе бидам градоначалник на Карпош

Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Карпош, по седми април очекува повторно да биде градоначалник на сите граѓани на Карпош.

-По седми април очекувам да се потврди желбата на граѓаните на Карпош. Јас, како и досега, ќе бидам градоначалник за сите кои живеат во општината. Oсвоените 17.249 гласа, кои се за 7.600 повеќе од мојот противкандидат, се уште една потврда дека граѓаните на Карпош не се двоумат. Тие знаат да почитуваат. Докажаа дека се задоволни од новите улици и тротоари, од хигиената, осветлувањето, новите училишта, градинки… – додава тој.

Јакимовски рече дека граѓаните со тоа докажале дека е можно да победи граѓанската опција.

Ова, како што рече, е само потврда дека сме работеле подеднакво за сите граѓани на општината и додаде дека не ги делеле жителите по ниту една основа.

Јакимовски им се заблагодари на гласачите во Карпош, што направиле европски и цивилизирани избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top