| четврток, 6 декември 2018 |

Џеб Буш влезе во трка за претседател на САД

Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Флорида, Џеб Буш, брат на поранешниот претседател Џорџ Буш, изјави дека е „подготвен ги предводи САД“.

Во специјално направена видео снимка, направена пред официјалното соопштување дека влегува во трката за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори, во ноември 2016 година, Џеб Буш (62) порачува дека како претседател ќе ги заштитува најранливите категории граѓани, како и дека ќе ги тргне бариерите кон социјалните можности за луѓето.

Во платформата за изборната кампња, што е означена само со „Џеб 2016„ без да се споменуваат неговото презиме и семејните врски, тој вели дека ќе агитира за правата на жените, за етничките малцинстава и за немоќните и инвалидизираните граѓани на Америка.

Оженет за Мексиканка, тој зборува шпански јазик и е популарен меѓу гласачите со латиноамериканско потекло, па се верува дека може да смета на нивната подршка.

Дилемите околу неговата кандидатура се околу тоа дали неговата либерално поставена платформа ќе може да биде прифатена за конзервативците во Републиканската партија, но првичните испитувања на расположението на луѓето, покажува дека тој доминира во широко распостелениот простор на различни кандидати и понудени платформи, на претенденти од оваа партија за изборите за 1,5 година.

За време на минатонеделната турнеја низ Европа тој ветуваше дека нема да се повлече од основите на својата платформа, без разлика на различното мислење на другите противкандидати.

Џон Елис Буш, во САД најпознат по својот прекар „Џеб„ е втор син на Џорџ Буш Сениор, поранешен потпретседател, а потоа и претседател на САД.Со својата сопруга е заедно уште од тинејџерските денови, откако прв пат ја сретнал во Мексико.Имаат три деца.

Во доцните седумдесети години на 20 век, работел во Каракас, во Венецуела.

Дипломирал на Универзитетот Тексас, во Остин, а гувернер на Флорида беше од 1999 до 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top