| четврток, 6 декември 2018 |

Во два напада на ајкула две деца во САД останаa без раце

Двајца помлади тинејџери ги загубија рацете во напади на ајкула на иста плажа во сојузната американска држава Северна Каролина, предупредуваат американските медиуми. Станува збор за 12-годишно девојче и 16-годишно момче, кои биле нападната во попладневните часови во неделата на плажата во Оак Ајленд. На девојчето му е ампутирана подлактицата, а докторите стравуваат дека може да остане и без нога, додека на момчето му е ампутирана целата рака.

Нападите се одиграле на меѓусебна оддалеченост од три километра, и интервал од час и половина.

Градоначалничката Оак Ајленд, Бети Волас вели дека девојченцето го спасил маж кој ги слушнал нејзините крици и допливал до неа. Жителите за локалните медиуми велат дека во областа нападите од морски кучиња се многу ретки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top