| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Нуркачи го пронајдоа телото на исчезнатото момче од Србија (видео)

Телото на несреќното момче кое исчезна во Србија го видел Јово Грујиќ додека ја водел стоката на пасење. Подоцна телото било идентификувано и потврдено е дека станува збор за Стефан Илиќ. Пронајден е на 500 метри од неговата куќа во водите на реката Караш. На неговото тело не се пронајдени траги од врзување на рацете или нозете, ниту некакви повреди. Најверојатно смртта настапила од давење.

Причината за смртта на 12-годишното момче сеуште не е позната, а по обдукцијата ќе се знаат повеќе детали. Сеуште не е познато дали Стефан сам паднал или е фрлен во каналот.

628027_banatskasubotica_ff

Малиот Стефан Илиќ исчезна во саботата околу пладне и оттогаш го бараше полицијата. Полициските патроли беа на сите прилази на Банатска Суботица и детално ги проверуваа сите возила се додека не се вклучија и нуркачите на Жандармеријата кои ја пребаруваа реката Караш. По момчето се трагаше и во соседните места, така во Панчево и во Бела Црква беа испитани сите кои се доведуваа во било каква врска со момчето и неговото семејство. Сите гранични премини беа строго контролирани, воспоставена е соработка со романските колеги, а фотографија од момчето беше дистрибуирана на сите електронски медиуми.

Првичната информација беше дека момчето е киднапирано, а потоа се појавија и снимки од автомобил за кој постоеше сомнение дека учествувал во киднапирањето. Неговиот брат Урош сведочеше дека се обиделе двајцата да ги киднапираат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top