| четврток, 6 декември 2018 |

Само синдикалците ќе добијат К­15 годинава

пари

К­15 годинава ќе има само за вработените во приватниот сектор, кои се синдикални членови, и тоа во висина што ќе одговара на финансиските можности на конкретната фирма.

Ова е епилогот од денешното продолжение на разговорите меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачи (ОРМ) за измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, вклучувајќи ги и одредбите за правото за исплата на регрес за годишен одмор. ­ Партнерите констатираа дека правото на регрес за годишен одмор останува за работниците од приватниот сектор во Република Македонија со тоа што би било поврзано со членување во синдикат, а во одредени случаи би се утврдила и можноста при исплатата да се земе предвид економско­ финансиската состојба на работодавецот за што задолжително се прави посебен договор со синдикатот на ниво на работодавец по претходна согласност од синдикатот на повисоко гранско ниво, односно дејност, стои во соопштението што го испратија социјалните партнери, потписници на Колективниот договор.

Точниот текст на измените и дополнувањата договорени денеска, со кој точно ќе се дефинира и разјасни кој ќе има, а кој ќе нема право на К­15 и колкава ќе биде неговата висина, ќе го утврди работна група формирана од претставници на организации, кои во преговорите ги предводеа претседателот на ССМ, Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров. Правото на исплата на К­15 работниците од приватниот сектор првпат го добија лани со Општиот колективен договор, кој со утврдената содржина требаше да важи до крајот на годинава. Иницијативата за негова измена пред истекот на рокот во правец на редуцирање на правото на регресот ја поттикнаа работодавците тргнувајќи од поплаките на некои компании дека овие средства се голем товар за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top