Спасувачките екипи во Грузија денеска продолжуваат со потрагата по повеќе од 20 лица исчезнати во поплавите, во кои досега живтот го загубија 12 лица.
Исто така, се трага и по исчезнати животни од зоолошка градина во Тбилиси, од кои некои може да бидат и опасни.
Директорот на зоолошката градина Зураб Гуријелџе изјави дека тројца вработени се удавиле, но дека никој не е повреден од дивите животни, кои ги искористиле поплавите да излезат на слобода.
Меѓу избеганите животни се наоѓаат лавови, тигри, мечки, волци и еден нилски коњ. Некои од нив се успиени и вратени во зоолошката, некои се убиени од полицајци, а дел сè уште се на слобода.
Според Гуријелџе, сè уште не може да се дојде до кафезите, поради што не е можно да се изврши процена на штетите и да се избројат животните на слобода.
Тбилиси за време на викенот беше зафатен од силно невреме, што предизвика поплави во кои се оштетени голем број куќи и згради, патишта и инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.