| четврток, 6 декември 2018 |

Сијарто: Актуелната македонска влада направи големи напори во евротинтеграциските процеси

ohrid-samit-cei-1
Унгарија ја поддржува европската перспектива и напорите на Македонија за евроатланска интеграција на земјата. Сметаме дека сегашната влада на Македонија има направено големи напори во евротинтеграциските процеси. И доколку некој се прашува за достигнувањата на оваа влада треба да ја има предвид демократската волја на народот, истакна министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Народот на оваа земја, заклучи тој, има донесено многу јасна одлука четири пати на избори и таа одлука на народот треба да биде почитувана од сите во меѓународната заедница.

По билатералната средба со македонскиот колега Никола Попоски во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), Сјарто одговарајќи на новинарско прашање се осврна на миграцискиот проблем со кој се соочуваат земјите од регионот, но и цела Европа.

– Европа се соочува со загрижувачки притисок од миграцијата. Нивото на притисок е повисоко од кога било и доаѓа од два правци. Едниот е Медитеранот, а другиот е низ земјите од Западен Балкан. Нашата јасна позиција е дека ЕУ треба да се соочи со двата предизвици, не само со притисокот кој доаѓа од Медитеранот, туку и со миграцијата од Западен Балкан, рече Сијарто.

Решението на овој предизвик, според него, не е внатре во ЕУ, туку надвор.

– Потребен е мир и економска стабилност во регионот кој е соочен со притисок од миграцијата. Затоа мораме да ги засилиме напорите во борба против терористичките организации како ИСИС, во тој контекст парламентот на Унгарија донесе одлука да испрати 150 војници на линијата на фронот. Даваме и финансиска помош за развој на регионот од каде доаѓа миграцијата, но мислам дека таа треба да биде одржлива, затоа што овие земји треба да ги подобрат условите во нив со што луѓето, кои стануваат мигранти нема да бидат приморани од политички или од економским причини да ги напуштат своите домови, изјави Сијарто.

Тој изрази загриженост и рече дека се против облигаторни квоти од ЕУ.

– Сметаме дека треба да се почитува формалната одлука на Советот на Европа дека прифаќањето на мигрантите треба да биде на доброволна основа и дека е потребен географски софистициран пристап, односно предизвикот да се насочи кон земјите од Западен Балкан од каде доаѓа притисокот на миграцијата, истакна унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто заклучи дека има силна соработка со српските колеги во насока на воспоставување контрола на миграцијата, со што е значително бил намален бројт на мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top