Македонија загуби уште еднаш од Словачка со 2:1 во овие квалификации, а овој пат, поразот беше на неуспешно деби на слекторот Љубинко Друловиќ.
Домашните имаа доминација во првото полувреме, а по две грешки на одбраната на Македонија, Словачка стигна до предност. Словаците преку Салата поведоа во 8 минута, Марек Хамшик 30 минути подоцна зголеми на 2:0.
Во вториот дел работите тргнаа на подобро, а Адеми го постигна својот гол првенец во дресот на Македонија.
Резултатот 2:1 остана до крајот, па Македонија е на 5. позиција во групата со само три бода од дуелот против Луксембург, противник кој е следен во распоредот и тоа во почетокот на септември.
Денеска беа комплетирани средбите од 6. коло, Шпанија потешко од очекуваното победи на гости кај Белорусија со голот на Силва во 45 минута, Украина го декласира Луксмебург со 3:0, сите три гола постигнати во второто полувреме а се дело на Кравец, Грамеш и Конопјанка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


