Повеќе од 300 жители на зоолошката градина во грузиската престолнина Тбилиси се жртви на стихијата во која животите ги загубија и најмалку 12 луѓе, некои од нив загинале во поплавата, а дел од грабливците кои избегале од кафезите биле убиени од специјалците, соопшти во неделата вечерта управата.
– Во зоолошката градина имаше повеќе од 600 жители, повеќето од половината не преживеаја. Ѕверките коишто избегаа делумно беа убиени, дел пренесени на посебно безбедно место. Во овие моменти работиме на расчистување. Како што е позната, нашиот и миленикот на посетителите белиот лав Шумба, беше најден убиен“, изјавил за медиумите претставник на управата на зоолошката градина во Тбилиси.
Претходно директорот на зоолошката Зураб Гуриелидзе критикуваше дека неколку избегани животни биле убиени од припадниците на специјалните полициски единици без тоа да е неопходно.
Силниот пороен дожд проследен со град и силен ветар го погодија Тбилиси ноќта кон неделата, при што се оштетени голем број домови, улици и градска инфраструктура. Градоначалникот Давид Нерманија изјави дека 12 лица загинале, а грузиските медиуми пишуваат дека секој час се откриваат нови жртви. Тој претпладнето информираше дека од зоолошката градина избегале најмалку 30 опасни ѕверки, меѓу кои волци, лавови и мечки.
Додаде дека прашањето за дислоцирање на зоолошката градина, за што од дамна е поведена иницијатива, сега активно ќе се разгледува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст