| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 2.000 мигранти прифатени во грчкото пристаниште Пиреја

migranti

Околу 2.000 мигранти кои неколку дена поминале на островот Лезбос денеска пристигнаа во пристаништето Пиреја, југозападно од Атина.

Мигрантите кои на Лезбос пристигнале од Турција, до Пиреја биле префлени со два грчки траекти.

Голем дел од нив во изјава за локални медиуми тврдат дека сакале да стигнат во Германија или други држави од ЕУ.

Грција е зад Италија по број на мигранти кои се прифатени од почетокот на годината. Во Грција за првите пет месеци од 2015 година пристигнале повеќе од 40.290 мигранти додека во истиот период лани таа цифра била 6.500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top