Пред да се впуштите во врска со некој што ви се допаѓа, треба да подзастанете и да размислите на неколку важни работи во врска во вас и потенцијалниот партнер, што се суштински за вас и за евентуалната иднина со него.
1. Започнете пријателство
Пријателство е клучот за добра врска. Запрашајте се: Дали ни оди разговорот? Дали можам да бидам каков што навистина сум со оваа личност? Дали ми е интересен? Ако одговорот на овие прашања ви е поразличен од „да”, тогаш станува збор за страст или за моментално „затрескување“, кое нема да има добар исход на долги патеки.
2. Какви се луѓето околу него/неа?
Најблиските пријатели се слика за нас, па затоа најпрво видете дали има вистински пријатели, потоа какви се тие и како се однесува во нивно друштво. Ова се важни прашања што кажуваат каква личност е.
3. Интереси и цели
Ако сметате дека интересите и хобито на оваа личност се глупави или нешто што тотално не ве интересира вам, во иднина тоа нема да се смени. Прифаќањето е знак на љубов, менувањето не. Ако не може веднаш да прифатите нешто, нема ни во иднина.
4. Проверете дали е достоинствена личност
Ако вети нешто, дали го исполнува? Дали навистина изгледа како личност што би го покажала на дело она што го кажува со зборови? И најважно, дали е личност што нема да ве остави на цедило кога ви треба?
5. Каква е тишината?
Ако нечие присуство ви е убаво, понекогаш зборовите се вишок – доволен е поглед и атмосферата е пријатна. Ако ова е случајот, нема за што да се грижите. Но ако ви е непријатно и ако изгледа како едниот да се труди, тогаш не ви е удобно еден покрај друг.
6. Дали ви верува?
Знак дека ви е удобно, и дека му верувате на некој, е токму „отворање” на срцето и кажување сè што ви лежи на душа, без страв и срам. Ако некој сака да ви ги каже своите желби стравови и планови, тоа е одличен знак, а во спротивно или крие дел од себе со намера, или пак е таинствена личност по природа, но дали би можеле да бидете со таква личност?
7. Замислете дека сте двојка. Дали сте горди?
Ако ви е непријатно јавно да бидете со оваа личност и да ја запознавате со вашите блиски, тогаш имате проблем од старт. Вашата друга половина треба да биде некој што безусловно го сакате и со кој се гордеете. И доколку не може да се замислите како стареете заедно, тогаш воопшто не се впуштајте во нешто сериозно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст